Блог – Вести

No itemsNo itemsvistini-7
Низ Македонските Медиуми – Кратки Агенциски Вести
МакфаксМИА МакедонијаДневникВечерУтринскиРепубликаМРТ МакедонијаТВ НОВАТВ СителТВ ТелмаIdiVidi
  • 166 лица со години не доаѓале на работа во Министерството, а добивале плата

    true
    Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на својот профил на Фејсбук сподели неколку документи, од кои се гледа дека вкупно 78 државни службеници, иако не доаѓале на работа, со години добивале плата. Тие на 22 мај биле повикани од кабинетскиот службеник во Кабинетот на генералниот секретар, Билјана Митева, која ги прераспределила во останатите организациони единици на Генералниот секретаријат. Решенијата за нивно вработување ги потпишал претходниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Дополнително, шета на буџетот направиле и 166 лица кои биле вработени, а не доаѓале на работа. За 2016 година, според пресметките, го оштетиле буџетот за 824 илјади евра, или приближно 50 милиони денари. Од документите се гледа дека овие неправилности, ги детектирал и државниот ревизор. Рашковски под објвата напиша: „Како се трошеле нашите пари. Веќе е покрената дисциплинска постапка и зависно од исходот ќе следува и соодветна судска постапка. Нанесена штета од преку 800.000 евра. Додека некој се потсмева на покачување на минималецот, на своите партиски војници им давале плата без да одат на работа“. В. М....
  • Груевски: СДСМ намерно ја блокира работата на автопатот Кичево-Охрид

    СДСМ со неговото доаѓање закочи буквално сè. За некои работи објави дека целосно ги откажува и нема да ги прави, како училиштето во Визбегово каде што со ребалансот ги скрати средствата за градба, за Драмскиот театар ги скратија сретствата, за театарот во Охрид, Универзалната сала, а некои проекти, пак, ги запре на одреден период измислувајќи дека има некакви пропусти, грешки во проектот, па сега тие како да треба да ги поправат, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој денес беше во Охридско и одговараше на новинарско прашање за стопираната градба на автопатот Кичево-Охрид од страна на СДСМ. „Целата борба е да се покаже дека и тие со нешто учествуваат во овој проект, проект што го обезбеди поранешната влада обезбедувајќи 374 милиони евра за изградба на автопат помеѓу Кичево и Охрид од кој половина и се заврши во времето на нашиот мандат. Само што дојде новата Влада, го запре. Пред тоа го работеа 1.200 работници, имаше 500 машини на терен и одеднаш кога дојдоа првиот ден викаат дека имало проблеми и грешки и го запреа. Сега со месеци ќе чекаме нешто тие да исправат, а нема ни потреба да се запираат работите. Кога се гради автопат секогаш искрснуваат некои проблеми кои се решаваат додека се гради автопатот. Новата Влада за да покаже дека таа нешто крупно завршила, дека исправила бидејќи досега нема никакво учество во правење на автопат, го  запре работењето, го сведе на минимум. Од 1.200 работници го сведе на десетина работници. На терен нема 500 машини туку и тоа е сведено на 10 машини. Работите се...
  • Заврши меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

    По тридневно ракометно дружење и натпреварување, заврши третиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски“. Победник на годинашниот ракометен турнир во Прилеп е екипата на РК Пелистер, второто место им припадна на ракометарите на Пролет од Скопје, трети на турнирот беа момците од РК „Борец“ од Велес, а домаќинот РК Прилеп беше  четврти. „Викендов Прилеп беше збогатен со уште еден спортски настан кој се одржа во чест на ракометната легенда Миле Нешкоски, ракометниот меморијален турнир кој го носи неговото име и на кој, годинава, присуствуваа одлични ракометни екипи од Македонија. Честитки до организаторите за одличната организација, како и на екипите – учесници кои дадоа максимум во презентирањето на ракометната игра, овде во салата на СОУ ‘Р.Р Ричко’. Им честитам на победниците на турнирот, на ракометарите на РК Пелистер, како и на наградените играчи. До следната година се надевам дека овој турнир ќе прерасне во меѓународен“, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој присуствуваше на финалниот натпревар и ги подели наградите на дел од учесниците. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Васко Андоновски од екипата на „Пролет“, за  најдобар стрелец Јане Јанчев РК „Прилеп“, а за најдобар голман, Милош Рајчиќ од екипата на РК „Пелистер“.  ...
  • „В џеб, ако нема каде друго“ и „Дотерај го Скопје“ заедно во паркот Гази Баба

    true
    Активистите на движењето ЛЕАД и на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, денеска, со чистење на отпадоци и садење бршлени, во паркот Гази Баба, ги реализираат своите проекти „В џеб, ако нема каде друго“ и „Дотерај го Скопје“. Целта на проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат. Целта на кампањата „Дотерај го Скопје“ е да се создаде свест кај граѓаните за разубавување на нивната околина на практичен и економичен начин, а исто така да се поттикнат да се грижат повеќе за јавниот простор. Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шве...
  • 17 години затвор за Македонец во САД – продавал украдени финансиски податоци

    Судот во Бруклин во петокот го прогласи македонскиот државјанин Џеваир Аметовски за виновен за измама и продавање лични податоци од украдени кредитни картички преку веб-сајт наречен „кодшоп“, соопшти американското обвинителство. Аметовски (30) се соочува со 17 години затвор. Неговите адвокати, како што наведуваат американските медиуми, не ја коментираат пресудата. Аметовски, кој на интернет бил познат по алијасите „кодшоп“, „синдром“ и „синдромикс“ бил уапсен во 2014 година во Словенија, а минатата година бил екстрадиран во Њујорк. Обвиненијата против Аметовски, како што велат американските власти, произлегуваат од седумгодишната истрага, спроведен во рамките на борбата против онлајн-пазарот со украдени финансиски податоци. Обвинителството тврди дека Аметовски, во периодот од 2010 до 2014 година имал таканаречена онлајн продавница каде продавал украдени податоци од повеќе од 181,000 кредитни и дебитни картички. Тој од илјадниците жртви украл милиони долари. Аметовски ги добил податоците од хакери, кои пак информациите ги украле од финансиски и други институции. Лицата кои купувале податоци од Аметовски, ги користеле за онлајн купување, но и за изработување кредитни картички со кои потоа повлекувале пари од банкомати....
  • Реал (М) го доби шампионскиот трофеј, но не и Валенсија

    true
    Капитенот на Реал (М), Серхио Рамос, заедно со левиот бек Марсело вечерва го кренаа 33. шампионски трофеј на Кралскиот клуб во шпанското првенство Со оглед на тоа што Реал (М) ја обезбеди титулата во последното коло, традиција е пехарот да му биде доделен на шампионот во првиот меч на домашен терен во новата сезона, а тоа е вечерашниот против ...
  • Мбапе е нов играч на ПСЖ!

    true
    Најголемиот талент во светскиот фудбал Килијан Мбапе е нов играч на ПСЖ, соопшти угледниот француски весник Лекип Според него, "светците" ги договориле сите услови со Монако, а најден е и начин како да се избегне прекршување на условите од финансискиот фер-плеј. ...
  • Ватикан загрижен поради заканите на ИД кон Папата

    true
    Видеото на Исламска држава, во кое џихадистите му се закануваат на папата е алармантно, поради што обезбедувањето на Ватикан веќе е на високо ниво, изјави Државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, пренесе АП. Тој рекол дека го гледал видетото Исламска држава, на кое папата е наведен како цел. ...
  • Индија: 28 лица загинаа откако гуру бил осуден за силување

    true
    Во насилството што избило на северот на Индија поради пресуда на водачот на една секта за силување, загинаа 28 лица, а повеќе од 250 се повредени. Разулавената група демонстранти ја запалила зграда на владата на Индија, напаѓала полицајци и кршела прозорци на автомобили во градот Панчкула во индиската држава Харајана. ...
  • Во Австрија загинаа пет алпинисти

    true
    Пет лица загинаа, е еден е тешко повреден во несреќата која се случи на планини во австриската сојузна покраина Салцбург, јави австриската агенција АПА. Несреќата се случила во местото Маникаршарт, во планините југозападно од Салцбург. ...
  • Најмалку 13 убиени во талибански напад во Авганистан

    true
    Најмалку 13 лица загинаа во неделата во напад на талибански бомбаш самоубиец врз воен конвој во јужната авганистанска покраина Хелманд, соопштија официјални извори. „Бомбаш самоубиец крена во воздух автомобил полн со експлозиви додека минувал конвој на авганистанската национална војска во Нава, во покраината Хелманд“, изјавил за AFP Омар Звак, портпарол на покраинскиот гувернер, додавајќи дека жртвите се цивили и војници. Додале дека десетина лица се ранети. Неофицијалните податоци, пак, зборуваат за поголем број настрадани. Извор од локалната болница изјавил дека примиле петнаесетина тела. Деветнаесет повредени биле примени во другите болници, додал извор кој сакал да остане анонимен. „Повеќето загинати се припадници на авганистанските сили, а повеќето ранети се цивили“, рекол изворот за AFP. Талибаните ја преземаа одговорноста за нападот во порака испратена до новинари преку мобилната апликација Whatsapp. Овој напад доаѓа само неколку дена откако најмалку пет лица загинаа а повеќе десетици беа ранети кога автомобил б0мба експлодираше пред седиштето на полицијата во Хелманд. Експлозијата...
  • Ако постојано имате кавги во домот, еве како да проверите дали има негативна енергија

    true
    Негативната енергија во вашиот дом може да ви донесе само зло, никако ништо добро. Освен тоа, таа и тоа како влијае на расположението – предизвикува нервоза, депресивно чувство, тага, песимизам… Многумина велат дека доцна сфаќаат дека им се случуваат негативни работи само поради лошата атмосфера во сопствениот дом. Некои од нив велат дека дури подоцна го вратиле филмот во главата и сфатиле дека расположението драстично им се расипало оној момент кога зачекориле во куќата – и така секој пат. Негативната енергија во куќата можат да ја внесат луѓето кои во неа живеат, но и повремени посетители, можеби соседи, или ја внеле луѓето кои некогаш живееле таму. Таа се впива во сите делови од домот, а знае да се акумулира и на некои тешко достапни места. Еве како можете да откриете дали има негативна енергија во вашиот дом: -Земете обична провидна чаша и во неа ставете третина сол, третина алкохолен оцет и третина вода. -Ставете ја...
  • Чарлс Симиќ, добитник на „Златен венец“ на СВП: Откако добив „Пулицер“ критичарите рекоа дека тоа е крај на западната цивилизација

    true
    Оваа година на плејадата врвни автори кои се добитници на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ им се приклучи и еден од најзначајните современи американски поети, есеисти, критичари и преведувачи, Чарлс Симиќ. Книжевните критичари во Америка за неговата поезија велат дека е „една од највпечатливите оригинални поезии на нашето време, поезија која е шокантно интензивна во своите концепти, сликовитост и јазик“. Чарлс Симиќ е роден е во Белград во 1938 година, во тогашна кралска Југославија. Со семејството се сели во САД во 1953 година. Поезија започнал да пишува уште во средно училиште; на неговите поетски почетоци влијаеле американските поети: Волт Витман, Емили Дикинсон, Волас Стивенс… Автор е на десеттици исклучителни дела кои се преведени на огромен број јазици меѓу кои е и македонскиот јазик.  Тој е поет кој е длабоко посветен на максимата дека не е доволно само да се создава поезија, туку потребно е и да се градат духовни мостови...
  • Голем месечен хороскоп за септември: Динамичен месец за Стрелците, успешен за Рибите…

    true
    Овен Работа – Среќата на работа нема да ве напушти ниту во септември, бидејќи планетата Јупитер, од полето на вашата работа ви донесува поволни околности, а стимулативната енергија на сонцето и Лавот, ќе ве прави многу активни и креативни. Новиот производ, проект, реклама, опрема или страна ќе биди она што најмногу ќе ве преокупира во првите две недели од август. Во овој период, особено ќе просперира бизнисот. Ќе бидете подготвени за тимска работа и тоа позитивно ќе влијае врз развојот на вашата кариера. Здравје – Одлично здравје, кондиција и енергија. Бик Работа – Пред вас е одличен работен месец во кој ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација која беше прилично лоша минатиот месец. Вашата планета на финансии, Меркур, останува во пријателскиот знак Девица, такашто во текот на целиот септември ќе имате доста ангажмани, вешти финансиски трансакции и финансиска стабилност. Кога сметката на банката ќе биде доволно добра, многу Бикови ќе се одлучат да инвестираат во реновирање...
  • Почина Тоуб Хупер, најголемиот мајстор на хорор жанрот

    true
    Еден од највлијателните режисери во жанрот на хоророт, најпознат по филмовите „Тексашкиот масакр со моторна пила“ и „Полтергејтс“, Тоуб Хупер, починал во саботата на 74-годишна возраст. Како што пишува магазинот Variety во неделата повикувајќи се на полицијата на Лос Анџелес, Тоуб Хупер починал во својот дом во предградието Шерман Оукс, но причината за смртта засега е непознат. Хупер сними многу хорор филмови од кои најпознати се „Тексашкиот масакр со моторна пила“ од 1974 година, „Полтергејтс“ од 1982 чијашто продукција ја потпиша Стивен Спилберг, „Дојденецот од Март“ од 1986 година и адаптацијата на романот на Стивен Кинг „Салемстките вампири“ од 1979 година. Последниот филм што го режираше „Џин“ се појави во 2013 година. Хупер, кој пред да стане режисер бил универзитетски професор, во текот на кариерата сними уште многу филмови, но никогаш не успеа да ја достигне славата на своите рани ремек-дела. Филмската критика го смета за еден од најголемите мајстори на хорор жанрот, чиј...
  • ВМРО-ДПМНЕ: Погрешни политики во економијата

    true
    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за водење лоши економски политики. Од партијата велат, наместо подобар живот, граѓаните добија помали плати и пензии. Освен од платите на граѓаните, владата на Социјалдемократскиот сојуз крати и од пензиите. Пензионерите од септември нема да го добијат планираното покачување од  5% и наместо покачувањето кое што требаше да го добијат од околу 650 денари тие сега ќе добијат само 180 денари. Социјалдемократскиот сојуз без никаков срам и безобразно удираат по џебот од над 300.000 пензионери. Владата на Социјалдемократскиот сојуз доцни и со исплатата паричниот надомест кој им следува на невработените лица, изјави Златко Перински, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Република Македонија се уверија дека подобриот живот кој го ветуваше Социјалдемократскиот сојуз пред изборите важи само ако сте нивен член, матен лик близок до Зоран Заев или активист на шарената револуција- велат од партијата.   Категорија: МакедонијаСлика за вест: ...
  • Подршка за реформите и интеграцијата од Европските либерали и демократи

    true
    На Македонија ѝ е потребна политичка стабилност, а не нова влада секоја година, ако планот 3-6-9 се реализира, земјата ќе стане модерна- со овој став холандскиот европратеник Ван Бален ја искажа подршката на Европските либерали за реформите и евроинтеграцијата на Македонија. Прашањето за името го смета за грчки проблем, а дијалогот на држвава со соседите како начин без притисок да се најде решение. „Јас сум убеден дека вие ќе можете да ги решите вашите најголеми проблеми и дека ние како ЕУ ќе седнеме со Македонија да го направиме тоа што требаше да биде направено пред многу години за преговорите за членство. Мислам дека оваа Влада направи разлика со тоа што ги повикува на пријателите и на соседите и директно оди таму да се обиде да ги реши проблемите. Во дискусијата со Србија, Македонија добро настапи без да врши притисок, туку рече ајде да седнеме на маса“, рече Ханс Ван Бален, холандски...
  • Околу 5.000 граѓани извршиле увид во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на ДИК

    true
    Увид во Избирачкиот список за локалните избори во подрачните единици на Државната изборна комисија (ДИК) и во нивните канцеларии ширум земјата до вчера извршиле 4.579 граѓани. Граѓаните вршат увид во Избирачкиот список и преку веб страната на ДИК. Увидот, според Роковниот на ДИК, ќе трае до 9 септември на полноќ. Денеска треба да заврши изборот на членовите на избирачките одбори од вработените во администрацијата за 80 општини што Општинските изборни комисии (ОИК) го вршат преку софтверот на ДИК. Политичките партии со освоени најмногу гласови на минатите избори, своите предлози за членови на избирачките одбори до ОИК треба да ги достават до вторник 29 август, поради викендот и празникот во понеделник. Во подрачните единици и канцеларии на ДИК во тек е собирање потписи за независните листи за советници и за градоначалници. Рокот за собирање потписи за независните листи пред ДИК трае 15 дена и завршува на 4 септември.   Категорија: МакедонијаСлика за вест: ...
  • Метео: За викендот сончево и топло, пад на температурите од вторник

    true
    За време на викендот во Македонија ќе се задржи сончево стабилно и потопло време со слаб ветер од променлив правец. Утре дневната температура ќе достигне до 36, а во недела до 38 степени. Утрата и натаму ќе бидат свежи со пониски минимални температури. Промена на времето се очекува од вторник. Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска  Категорија: МакедонијаСлика за вест: ...
  • Расте доходовната нееднаквост

    true
    Расте доходовната нееднаквост во земјава- соопшти Министерството за финансии. Од ресорот информираат дека 3 проценти од населението имаат богаство како половина од вработените. Еден процент имаат месечен доход над 1.523 евра, додека 50 насто заработуваат под 212 евра месечно. „Овие податоци се базираат на податоците на УЈП, ќе помогнат во правење анализи кои ќе влијаат на подобрување на економските и социјалните политики, кои ги креираат не само институциите, туку и истражувачката и академската јавност. Исто така, објавените податоци ќе создаваат притисок да се работи на намалување на нееднаквоста на доходот во Македонија“, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски. Разликите во примањата на менаџерите и вработените се огромни- вели Бранимир Јовановиќ од Министерството. Како пример ги посочи работниците во една текстилна фабрика, каде 376 вработени имале по 140 евра просечен доход, додека еден вработен заработувал по 73.000 евра. Оваа анализа треба да биде вовед во имплеменатцијата на прогресивните даноци кои ќе треба да...
  • Групно силување на туристка во Италија

    true
    Туристка од Полска е брутално силувана од група момчиња, а нејзиниот сопруг е претепан на популарната плажа во градот Римини. Четворица мажи повеќекратно ја силувале полската туристка рано утрото на скриен дел од плажата и го претепале и ограбиле нејзиниот партнер. Од ударите во глава тој се онесвестил, наведуваат италијанските медиуми. Минувачи повикале полиција кога на плажата ги воочиле двајцата 26-годишни туристи од Полска, како лежат во тешка состојба кои потоа се префрлени во болница. Засега не е познато дали некој од осомничените е уапсен. ...
  • Терористите можат лесно да го нападнат британскиот Парламент?

    true
    Доверлива истрага на британската полиција покажа дека терористи би можеле да се инфилтрираат во зградата на Парламентот на Велика Британија и да ги нападнат пратениците, пишува весникот „Сандеј телеграф“, повикувајќи се на тројца информирани извори. Весникот наведува дека операцијата со имитирање на терористички напад е спроведена во ноќни часови, кога пратениците не биле присутни во зградата, со цел тие на не ги дознаат резултатите од експериментот. Соработници на полицијата, кои ја играле улогата на терористи, стигнале до зградата со чамец и без потешкотии успеале да влезат во британскиот Долен дом. Една од идните безбедносни мерки што била предложена за спречување на тоа сценарио, е да се постават бариери долж реката со цел да нема пристап до згадата. Весникот забележува дека експериментот бил спроведен пет месеци по терористичкиот напад во лондонската област Вестминстер....
  • ГРУЕВСКИ СО КРИТИКИ ДО СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја!

    true
    Со чекорите кои СДСМ ги превзема, граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. – СДСМ фрли, условно кажано, димна бомба, дека ќе се воведе евтината тарифа по два часа во ден, а всушност ја исфорсираа либерализацијата која што, според експертите кои ги консултирав, ќе доведе до 20 проценти покачување на цената на електричната енергија. Тоа значи дека она што Владата претходна го правеше, забавување и развлекување на таа либерализација за таа да се одвива постепено во еден 5-6 годишен период за народот да не го осети тоа со зголемување на цената на струјата и покрај тоа што го бараа од нас, но тоа ќе значеше покачување на цената и ние го поделивме тоа за да не дојде до покачување на цената. Сега со доаѓање на новата власт, веројатно и од одредени интереси што ги имаат и луѓе во таа власт или блиски до таа власт,...
  • ГРУЕВСКИ ВО ДЕБРЦА: Потребни се нови инвестиции во овој крај

    true
    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски продолжува со теренските посети на населени места низ целата Македонија, каде се запознава со проблемите и потребите кои ги имаат граѓаните. Денеска тој беше во посета на четири населени места во Општина Дебрца. -Ги посетив граѓаните на Волино и Злести, општина Дебарца. Разговаравме за актуелната состојба, потребата од нови инвстиции, како и за она што највеќе им е потребно. Срдечен прием и добар разговор, напиша Груевски на Фејсбук....
  • ТИРАНА: Рама го соопшти составот на новиот владин кабинет

    true
    Премиерот на Албанија Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание го соопшти составот на новиот кабинет. Новата владин кабинет, или како што го нарекуваат „Рама два“, освен премиерот, ќе има и еден потпретседател на Владата, двајца државни министри, како и 11 министри. Она што е посебно карактеристично е фактот што застапеноста на жените е идентична, односно функциите се поделени 50 на 50. Потпретседателка на Владата ќе биде Сенида Меси, а функциите државен секретар за Албанците надвор од матичната земја и лице за заштита на претприемништвото, кои се воведуваат за првпат, ќе ги раководат Пандели Мајко и Сонила Ќато. Старо-нов шеф на дипломатијата ќе биде Дитмир Бушати, прв полицаец и понатаму ќе биде Фатмир Џафај, министерка за одбрана Олта Џачка, за правда Етилда Ѓонај, а министер за за образование, спорт и млади ќе биде Линдита Никола. Министерството за финансии се спојува со економија и негов прв човек ќе биде Арбен Малај, Министертвото за енергетика се...
  • Станија објави супер секси фотографии покрај базен, сите гледаат во нејзиниот задник

    Мора да се признае дека Станија Добројевиќ многу води сметка за својата линија. Таа вежба редовно, а на радост на посилниот пол, таа гордо го покажува своето тело. Старлетата сними уште еден секси едиторијал овој пат во костим за капење.   Станија се фотографираше крај базен, а најмногу до израз дојдоа нејзините облини. ...
  • Тилерсон: Ќе продолжиме да бараме мирно решение за ситуацијата со Северна Кореја

    Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека лансирањето на трите балистички ракети од страна на Северна Кореја, било провокација, но оти САД ќе продолжат да бараат мирно решение.  - Ние на тоа гледаме како провокација против САД и нашите сојузници. Ќе продолжиме да бараме мирно решение, да работиме со сојузниците, да соработуваме со Кина, за да видиме дали можеме режимот во Пјонгјанг да го доведе на преговарачка маса, истакна Тилерсон.  ...
  • Рекордна продажба на списанието „Ел“ поради интервјуто со Бриџит Макрон

    Списанието „Ел“ регистрираше рекордна продажба во последните десет години на бројот што беше посветен на сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Бриџит Макрон.  Бројот излезе на 18 август и од него се продадоа 530.000 примероци.  Во интервјуто, што беше испишано на 10 страници, правата дама на Франција открива детали за нејзините први чекори во Елисејската палата.  Тоа беше првото интервју на Бриџит, откако нејзиниот сопруг стапи на должност. ...
  • Селин Дион го замолкна дрскиот новинар

    Славната пејачка Селин Дион, чиј сопруг Рене Анжелил минатата година почина на една канадска телевизиска емисија ја претставувала својата нова колекција на чанти и модни додатоци, кога еден новинар и го поставил секогаш најважното прашање – што има на љубовен план.   Дион со сјајна и брза реакција ги воодушевила сите гледачи.   “Сакав да прашам за вашиот приватен живот”, рекол во еден момент новинарот, притоа додавајќи: “Сега е тоа за вас цел нов свет, сингл жена сте. Како е животот?”   Без момент на размислување, Дион му упатила сериозен поглед и возвратила со прашањето: “Дали тоа вие ме поканувате на состанок?”   Публиката во студиото почнала воодушевено да ракоплеска, а Селин продолжила, пеејќи го рефренот на песната “Diamonds” од Ријана.   Новинарот се насмевнал, велејки дека е подготвен да ја однесе на состанок. Прашањето било сосема неумесно со оглед на тоа дека Дион пред тоа зборувала како се чувствува поради загубата на својот маж Рене.   Селин и Рене се венчале...
  • Премиер лига: Ливерпул си „поигра“ со Арсенал

    Екипата на Ливерпул постигна убедлива победа на домашен терен од 4:0 попладнево во дербито на 3.коло од Премиер лигата против тимот на Арсенал.   Головите за „црвените“ ги постигнаа: Роберто Фирмино (17.минута), Садио Мане (40), Мохамед Салах (57) и Даниел Стариџ (77).   Во Лондон денеска се одиграа два натпревара Челзи го победи Евертон со 2:0, додека Тотенхем – Барнли одиграа без победник 1:1. Со истиот резултат заврши и дуелот ВБА – Стоук 1:1.   Табела: Манчестер Јунајтед 9 бодови, Ливерпул 7,Хадерсфилд 7, Манчестер Сити 7, ВБА 7, Челзи 6, ... ...
Translate »