Дедоларизација

Дедоларизација – Вистина или Илузија?

дедоларизација

Слободна Интернет Зона

Американскиот долар полека го губи статусот на светска валута за тргување – Кина сепак беше сериозна
Американскиот долар беше темел на трговската размена во минатиот век. Во периодот на формирањето на еврозоната доларот го достигна својот врв и не така одамна сочинуваше 71,0% од службените девизни резерви во светот. Во 2014 год. светските резерви во долари паднаа на скромни 62,9%. Од друга страна, трговските текови помеѓу земјите кои се обврзаа на прекинување на користење на доларот во меѓусебните билатерални трговски трансакции изнесуваат веќе 400 милијарди долари и тоа земено само за 2013 и 2014 година.
Сепак, доларот полека ама сигурно го губи својот статус на светска резервна валута и тоа е повеќе од видливо. Ова не е невообичаен настан што се однесува до историјата, наведува порталот Visual Capitalist.
Всушност, речиси во секој век, уште од времето на ренесансата, се сменувала глобалната резервна валута. Португалија, Шпанија, Холандија, Франција и Велика Британија во различни периоди имаа доминантна валута.
Денешната иконографија (слика подолу) покажува дека се менуваат ветриштата во меѓународната трговија.
Додека помалите земји и организации нивните меѓународни трансакции ги вршат со користење на доларот, сепак полека ослабува неговата хегемонија. Кина е во епицентарот на случувањата и таа земја континуирано напредува со нејзината понуда, надвор од опсегот на американскиот долар.
Понудите прикажани на сликата се валутни текови меѓу земјите во билатералната трговија кои го напуштија доларот, како и земји кои се склони да се преземаат такви мерки.
Најновата кулминација на овие трендови е создавање на Азиска инфраструктурна инвестицииска банка (AIIB), предводена од страна на Кина, ривал на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. AIIB вклучува 57 земји основачи и 100 милијарди $ акционерски капитал. САД не се членка и активно лобираше меѓу сојузниците да не се приклучат на оваа финансиска институција, поради забележани проблеми во управувањето.
Другите неодамнешни понуди од страна на Кина вклучуваат 30-годишен енергетски сојуз со Русија во вредност од 400 милијарди $, втор енергетскиот договор со Русија со акцент на природен гас во вредност од 284 милијарди $, и постапка на отстранување на царини за австралискиот извоз на стоки во Кина за 85%. Покрај тоа, Кина и Русија се договорија да ги користат националните валути во билатералната трговија, и целосно исфрлување на американскиот долар.
Не, не се само Кинезите, кои почнуваат да се сомневаат во одржливоста на доларот. Во извештајот од 2010 година од страна на Обединетите нации се повикува на напуштање на американскиот долар како единствена резервна валута. Монархиите на Советот за соработка во заливот, исто така изразија желба за независна резервна валута.
Во краток рок, особено поради неодамнешните турбуленции на кинескиот пазар и проблемите во еврозоната, доларот веројатно уште ќе царува. Сепак, Пекинг, без разлика на се што е во моментов, размислува и за начини како да се интернационализира јуанот и Кина ќе ги направи сите потребни чекори за да ја ограничи хегемонијата на доларот.
Со се побројните билатерални трговски договори се заобиколува доларот, а преку забрзаната интернационализација на кинескиот финансиски систем на крајот јуанот ќе го присили доларот да се погрижи за самиот себе.
Де-американизација беше најавена на 13 октомври 2013 год.
Графиконот на Visual Capitalist извор Sputnik прикажува сумарен преглед на финансиските токови заклучно со 2014 година. Меѓутоа, ако земеме во предвид дека Кина ваквата пракса ја најави на 13. октомври 2013 год. преку краткиот напис кој го објави државната агенција Xinhuanet, тогаш слободно можеме да заклучиме дека Вашингтон и Вол Стрит имат реална причина за загриженост.
Всушност, Лиу Ченг (Liu Chang) пред две години ја критикуваше неодговорноста на американската администрација и Конгресот кои земјата краткорочно ја втурнаа во банкрот, изјави:
„Како американските политичари и од двете политички партии се уште се расправаат и во Белата куќа и Капитол хил не можат да постигнат одржлив договор, можеби навистина е вистинското време да збунетиот свет започне со де-американизација на светот. Излегувајќи од масакрот на Втората светска војна како најмоќната земја во светот, САД уште од тогаш со наметнување на повоениот светски поредок се обидуваат да изградат глобална империја, запалувајќи ја повторно Европа и преку поттикнување на смена на режимот во земјите кои Вашингтон не смета за дел од своето семејство.
Со својата навидум недостижна воена и економска моќ, САД објави дека нивните витални национални интереси ќе ги заштитат во речиси секој дел на светот, а со оглед на тоа и да се меша во внатрешните односи на други земји и региони, далеку од своите брегови.
Во меѓувреме, американската влада отиде толку далеку што се појавува пред светот како оној кој тврди дека има највисок морален авторитет, иако потајно прават работи како што е мачење на воени затвореници, убивање на цивили со напади од беспилотни летала како и шпионирање на светските лидери. (…)
Резултат на американската политиката е и дека светот се уште е во потрага по начини за излез од економската катастрофа благодарејќи и на незаситната елита од Вол Стрит. Неодамна дојде до циклична стагнација во Вашингтон во пронаоѓањето на одржливи дво-партиски решенија за усвојување на федералниот буџет, и повторно огромни средства, на многу народи, во американски долари се најдоа во опасност, а меѓународната заедница во агонија.
Такви алармантни денови, кога судбината на останатите е во рацете на лицемерна нација, мора да заминат во минато, а новиот светски поредок треба да овозможи на сите народи, големи или мали, сиромашни и богати, да ги задржат клучевите на своите интереси во свои раце, а овие интереси подеднакво да се заштитени и почитувани.
За таа цел треба да се утврди како да се поддржи де-американизираниот свет. За почеток, сите народи треба да се користат со основните принципи на меѓународното право, вклучувајќи почитување на суверенитетот и да се откажат од мешањето во внатрешните работи на другите. Понатаму, на Обединетите нации мора да бидат оние кои ќе се справуваат со глобалните прашања, што значи дека никој нема право на било каква форма на воена интервенција без мандат на ОН.
Покрај тоа, светскиот финансиски систем, исто така мора да претрпи некои значајни реформи. Во главните меѓународни финансиски институции, вклучувајќи ги и Светската банка и ММФ, сите мора да имаат поголемо влијание, со цел да се биде во можност подобро да се следи трансформацијата на глобалната економска и политичка сцена.
Како клучен дел за ефективни реформи е и воведување на нова меѓународна резервна валута која ќе биде создадена да го замени доминантниот американски долар, со што меѓународната заедница би можела остане далеку од прелевање на домашните политички превирања од САД на остатокот од светот.
Се разбира, целта и промоцијата на овие промени не е во целост отфрлајње на САД на страна, што е исто така невозможно. Напротив, тоа е да се охрабри и потикне Вашингтон да одигра поконструктивна улога во решавањето на глобалните прашања.”
Со овие зборови Лиу Ченг (Liu Chang) ја заврши својата статија во државниот кинески весник во крајот на 2013 година, кога целиот свет се плашеше поради несогласувањата во врска со изгласувањето на буџетот на САД за фискалната 2014 година, и кога републиканците и демократите, Белата куќа и Конгресот се поигруваа со судбината на милијарди луѓе.
Резултатот од напорите на Кина и нејзините сојузници, сега за сега, е прикажан на сликата подолу:
Долар не повеќе! - bye bye

Долар не повеќе! – bye bye … кликни на сликата за поголема резолуција

Дедоларизација
Процес кој става крај на американската империја и доминација!
На сите оние што мислат и сметат на тоа дека овој процес ќе се заврши брзо и безболно, слободно можам да им порачам да не се надеваат и да очекуват такво нешто. Ова е процес кој ќе се одвива во период од најмалку 3-5 години, не само затоа што времето на инсталирањето на доларизацијата беше во период од 1-2 децении туку што истиот треба да се изведе на начин кој ќе ги избегне замките, а и ќе ги одврати САД и ЕУ (која подеднакво учествуваше во тој процес) од мерки и чекори какви што денес го тресат свето. (Колку, за потсетување може да послужи и примерот со растурањето на Југославија па и СССР, па тие „демократите“ мака мачеа и едвај по дваесетина години, откако имаше смени на две генерации, успееја конечно да и стават крај на таа агонија.) Сите сме сведоци на потфатите, од страна на САД И ЕУ, како што се „Арапската пролет“ или случувањата во Украина, сето тоа укажува дека САД и ЕУ не се подготвени на еден цивилизиран начин да се откажат од својата доминација и дека се подготвени на радикални чекори.
На носителите на овој процес, но пред се на Русија и Кина, што не ја исклучува и намалува улогата на малите земји вклучувајќи ја и Македонија, е сето ова да се изведе со колку што е можно помали потреси и страдања на народите!
Се појавија интересни групи кои застапуваат радикални мерки во одземањето на доминацијата на САД и ЕУ, но има и групи кои би сакале тој процес да се одолговлечи во недоглед. Нама да глумам мудрец и да речам дека решението е некаде помеѓу, затоа што и самиот припаѓам на групата која смета дека радикалните мерки иако не се популарни понекогаш се потребни а тоа го темелам за избегнување на последиците од доминацијата на САД и ЕУ (војни, арапска пролет која се претвори во арапска ноќ, војна во Украина, покренување бегалски бранови, насилно менување на власти во скоро сите балкански држави и други прокси војни и тнр мека моќ) кои САД и ЕУ ги преземаат само и единствено со цел опстојување на империјата.
Мошне многу шпекулации се проширија и за можен глобален воен судир, што ќе признаете во моментов и не е така изгледно, но никогаш не се знае дали на позицијата во САД и ЕУ, денес или утре, ќе дојде некој јастреб, или процесот на дедоларизација ќе ги испаничи до тој степен моќниците во тие земји што би довело до нивни нерационални и налудничави постапки!!!

D.L. M

Интернет – Слободна Зона

You may also like...

Вистина Правда The Truth Verdad Вистина
Translate »