Здраво – Hello!

Добредојдовте!
Благодариме за вашиот Интерес.!
Ова е слободна зона!
Место каде можете да бидете сигурни дека работите не се како што изгледат на прв поглед.
Овој сајт е приватен и непрофитен, социјален и хуманитарен простор, каде што секој може да пристапи.
Страницата vistini.com е место за средба на слободни и независни луѓе, во до сега сеуште бесплатната интернет територија.
Добредојдовте! … во бесплатната интернет територија.
vistini-002

Вистината е само една!

Некои ќе речат дека Вистина искажана со лоши намери е многу полоша и од лагата!

Вистината е еден од “најскапите” зборови. Кога би се применувала колку што се збори дека се применува или колку што се повикува, светот би изгледал многу поинаку. Сведок пред Суд се заколнува “дека ќе ја каже вистината и ништо друго освен вистината“, под закана од казна ако тоа ветување нема да го испочитува. И при исповед се бара само вистината, повторно под закана од казна, но дури и тогаш ветувањето дека целосно ќе се зборува “вистина и ништо друго освен вистината” не се почитува во согласност со даденото ветување.

Има многу случаи во кои луѓето не лажат, но ја избегнуваат вистината.
Ваквото однесување понекогаш се смета за грев, а понекогаш како доблест, особено во дипломатските кругови. Тие велат: “Ние никогаш нема да дозволиме тоа да се случи!“, но кога тоа ќе се случи, тогаш велат дека тие тоа не го дозволиле, туку некој друг. Значи, тие не лажеле. Во некои случаи, намерно се лаже, но и тоа не се зема за зло. Да речеме, лекарите некому велат дека наскоро ќе умре или ќе му кажат како тој наскоро ќе оздрави и кога за тоа не постои шанса. Не се говори вистината ниту, на пример, кога на некоја баба некој и вели дека таа изгледа дваесет години помлада, и така тие ја расположуваат. Но и тоа не се замерува.

Да, вистината е важна и вредна, вистината е голем збор, а Светот би бил подобар ако во него има повеќе вистина.
Но, вистината може и да се злоупотреби, особено ако се користи нецелосна или во погрешно време. Или ако се користи различно во различни околности. Да речеме, ако се каже вистината дека некој убил човек со нож, дека тоа сме го виделе со свои очи, тоа за убиецот ќе значи повеќегодишен затвор, па дури и смрт, во зависност од тоа според кој и каков закон му се суди. Но, ако кажеме дека сме виделе дека убиецот бил претходно малтретиран од страна на убиениот, дека тој се обидувал да го задави и дека убиецот дури кога не можел поинаку да се спаси го нападнал со …, тоа ќе влијае на пресудата и таа ќе биде сосема поинаква. Ако во време на судир на два народа презентираме само негативна вистината за еден од тие народи, сигурно е дека ќе влијаеме омразата да се зголемува кон противникот на другата страна. Ако двајца искажат десет позитивни реченици еден кон друг, и само една негативна, а ние ним кажуваме само негативни, без оглед на тоа што ние сме ја кажале вистината, таа вистина ќе звучи како лага.

Вистина и ништо друго освен вистината – но и тоа не е секогаш така каков што има призвук.
Вистината треба да е целосна, навремена и добронамерна, затоа што само таквата е од корист за човештвото.

DLM


објавено vistini.com 04.06.2016.год. врска

извор:   Анонимус   Интернет   Анонимус   Интернет   Анонимус   :ровзи

You may also like...

1 Response

  1. Mr Admin says:

    Здраво, ова е тест коментар.
    Ако сакате да коментирате или да ги видите останатите коментари потребно е да се најавите.

Вистина Правда The Truth Verdad Вистина
Translate »