Корпоратизам – економски вид на фашизам

Крешимир Мишак за помалку од една минута
“на сите им плесна во лице!”

Крешимир Мишак

Крешимир Мишак

Крешимир Мишак новинар на ХРТ, долгогодишен водител на познатата емисија „На работ на науката“ во март 2016 год. во своето неполно две минутно обраќање даде сиже и сликовито ја разоткри суштината на КОРПОРАТИЗМОТ кој чука на вратата

Корпоратизмот како економски вид на фашизам е главното оружје на глобализацијата во поробувањето на светот.
Светот за корпорациите претставува само една округла шаховска плоча со неброени ирелевантни пешаци-пиони……
Корпоратизмот не го исполнува само тежнеењето за профит туку задира во секоја пора од животот и во својата суштина претставува психолошка категорија – бидејќи на луѓето низ корпоративните медиуми им наметнува став дека корпоративниот систем е нај напредното општество…
на пример:
дека е нормално да се работи по 10 часа во корпорацијата и потоа да се купи вештачка храна која ја произвеле корпорациите во трговските центри кои им припаѓаат на корпорациите;
навечер тој човек (хомосапиенс) исцрпен од работата за корпорацијата гледа корпоративна телевизија со политички вести за потезите на владата чии членови-министри се сега во владата а пред и потоа на чело на некоја корпорација;
кога таквиот систем драстично ќе го наруши здравјето на човекот тој човек оди по медицинска помош како би добил скапи, неделотворни и штетни лекови од корпорацијата.

Корпоратизмот не е од вчера во 30-тите години од XX-от век таа економска страна на фашизмот која се темелеше на спој на јака централизирана недемократска влада и големите корпорации била многу популарна а денес е присутна во секојдневието повеќе од било кога.

Корпоратизмот се открива како психолошка категорија која целно ја обликува глобалната свест и однесувањето во согласност со корпорациските интереси, предизвикување на војни, неограничен маркетинг користење на анти-депресиви, телевизиски програми преполни со жолтило, банални и непотребни вести и конечно контрола на сите животно егзистенцијални ресурси.

Сето тоа се лица на корпоратизмот обвиткано со светкав целофан на корпорацииските дарови кои се по погубни од цела ергела на тројански коњи.

Луѓето мислат дека се слободни, но нивните мозоци им се измиени до таа мерка за што комунистичките водачи можеа само да сонуваат.

Денес луѓето никој не треба да ги присилува ни на што, тие самите, заради силната хипнотизираност со програмите на виртуелната реалност, ќе сторат се за да останат зад решетките.

Дури кога ќе им станува се полошо, корпоративците преку медиумите ќе ги убедуваат дека всушност им е се подобро!

Денес диктатурата има невидливи решетки.

Тоа е суштината на корпоратизмот.


Крајната цел на корпоратизмот, како и кај секој друг тоталитарен систем, е да влезе во домовите и мислите на луѓето, и се потполно да потчини на своите потреби. Тоа е тешко остварливо со сила, но затоа може да се направи преку програмирање, во систем каде што овците самите ќе се грижат за себе.


Коментар

Целото оваа кажување на Мишак опфаќа само еден мал сегмент кој е недоволен за да се препознае суштината на сегашниот систем …..
Кај корпоратизмот првенствено се работи за примена на принципи кои треба да овозможат луѓето-масите да се испрограмираат за да не истражуваат подетално за што се работи.
Но како коментари на ваквиот настап на Мишак имаме коментари од типот капитализам, комунизам сето тоа е едно те исто, за вака искажаните ставови не треба многу интелект за да се види дека се својствени за една не едуцирана група(за жал збор е за поголемиот дел од популацијата) која светот и животот ги замислува како и мали Перица, или пак за една група на луѓе на кои што тоа им е сосема јасно за што се работи но од ниски побуди и егоистични пориви работат во полза на ваквите состојби!
Во суштина корпоратизмот е само ново лице на капитализмот од едноставна причина што темелите на тој фамозен корпоратизам се и понатаму врз приватната сопственост ( многумина не прават разлика помеѓу личната и приватната сопственост, жалосно ама е така), и се применува метод на маскирање преку друго наличје кое ќе биде поприфатливо за структурите…!
Корпоратизмот односно капитализмот во лицето на корпоратизам низ изградената суперструктура воспоставува систем кој треба да му овозможи развој и опстанок и при тоа да не дозволи структурите да станат самосвесни за својата положба, туку едноставно да мислат дека тоа што го имаат е најсовршеното што постои.
Како прво разликата на едното и другото уредување (капитализам и комунизам) е тоа што едното се темели на егоизмот (психолошки темел) и приватната сопственост (материјален темел) а другиот на алтруизмот и сопственост која нема да е во приватни раце на еден мал број капиталисти.
Е сега ако и покрај оваа некој и понатаму опстојува на ставот дека и доброто и лошото е едно те исто, со таквите нема потреба да се дебатира затоа што не сакат да ги прифатат основните принципи на логичко однесување.
Но како заклучок и за ставовите на Мишак и на другите кои од сето ова прават бизнис би можел да биде следново:::

…се додека има овци ќе има и волна и сирење!!!

DLM

You may also like...

Вистина Правда The Truth Verdad Вистина
Translate »