МИРKА ВЕЛИНОВСKА ЗАБРАНЕТА KОЛУМНА

ЗАБРАНЕТАТА KОЛУМНА НА МИРKА ВЕЛИНОВСKА ВО
„НОВА МАKЕДОНИЈА“
Мирка Велиновска

автор Мирка Велиновска

Банкстерот Хари најави олигархиско-мафијашки пленум за приватизација на Македонија

Ако поради празничната дремливост некој уште не прочитал што предлага Харчо за спас на Македонија, еве да го парафразирам. Вели, сегашниве политички елити биле загулени традиционалисти кои не се спремни да се откажат од контрола и распределба на буџетот зашто така можат да си го крадат самите преку корупција. За да не се случува тоа, другарот Хари предлага, Македонија да се управува консензусно од сите ,,релевантни“, партиски главатари и притоа да се откаже од сувереноста во финансискиот дел така што буџетот ќе му го препушти на управување на странски и домашен банкстерски борд
Хари Kостов, познатиот македонски, ако не и најекспониран банкстер во регионов (му конкурира само Мило Ѓукановиќ), по времето минато во длабока илегала, доби наредба да го напушти подземјето и да излезе на дневно светло. Преку „Нова Македонија“ го испрати првото пробно коминике кое ги има сите карактеристики на политички манифест на евро-атлантската банкстерска мафија за да ги ошацува реакциите на теренот, особено на политичкиот и медиумскиот.
Будењето на Харчо, бидете сигурни, не е ни случајно ни автономен излет на една будала, туку плански изведена специјална операција. Времето во кое типов прави ексцес (празнично зашеметени, во очекување демисија на Груевски и доаѓањето на еврокомесарот Хан за да дознаеме дали ќе има или не избори на 24 април) местото од каде што почнува да зрачи скандалот („Нова Македонија“ која има историски капитал како национален маркер кој сега непромислено и којзнае со чиј амин, на газдата ли или на уредништвото, се арчи без добивка и за секогаш ) и „радикалните идеи“ за излез од кризата во Македонија, се терористички чин во најава зад која стои една планетарно банкротирана неоколонијална политика. Хари Kостов е дел од таа банда. Отсекогаш бил. Регрутиран е поради неговите карактерни особености, односно генски вградените фелери кои се поле на интерес на психијатријата и социопатологијата и тоа во распон од садизам до егзибиционизам и неурастенија. Но за тоа подолу.
Ако поради празничната дремливост некој уште не прочитал што предлага Харчо за спас на Македонија, еве да го парафразирам. Вели, сегашниве политички елити биле загулени традиционалисти кои не се спремни да се откажат од контрола и распределба на буџетот зашто така можат да си го крадат самите преку корупција. За да не се случува тоа, другарот Хари предлага Македонија да се управува консензусно од сите ,,релевантни“ партиски главатари и притоа да се откаже од сувереноста во финансискиот дел така што буџетот ќе му го препушти на управување на странски и домашен банкстерски борд и постојан мониторинг од страна на меѓународни формално-правно лиценцирани гангови како ЕУ, ММФ, Светска банка…
Типов смета дека идните македонски политичари треба да се без корупциски флеки во биографиите за Македонија да тргнела по прав пат. Допадливо нели? Ем лесно. Затоа и се вели дека што еден будала ќе растури, ако му дадете, потоа милион паметни не можат да го оправат. Видиш ти колку го е тоа фино скоцкало ова криминогено гребло од Пишица! Уште еден менгелеевски експеримент од трансатлантската лабораторија за претворање на државите во фирми во стечај или банкрот и нивно продавање на делови со наддавање по принципот на гангстерите – на ти го, дај ми го. И згора го нашле спремниов ем храбар токмак да го сподели со нас, жртвите на организираната транзициска пљачка. Оти тој е чист ко солза. Формално-правно де. Трагите од приватизациониот гангстерај во кој тој активно учествуваше како банкар и консилиере на олигархиската мафија беа избришани преку законодавниот дом во кој тогаш немаше опозиција, оти, нели, ги бојкотира изборите. На ова никогаш не следуваше ревизија. Затоа сега Хари е чист и може цинично да ни се препорача како светилка на вистинскиот пат кој треба да го следиме.
Хари предлага Македонија да престане да постои како држава. Предлага политичкиот систем да биде племенско главатарски- неплуралистички. Укинување на идејните, програмските и сите други диверзитети со што престанува потребата од постоење непосредни избори, демократија, слобода, самоуправување и граѓанска контрола. На преодот од 2013 во 2014 година знам дека предупредив на проектот ТТИП (трансатлантски договор за трговија), кој како цел го има токму ова што го заговара радикалов од Пишица. Имено, штом се откажете од управување со буџетот (јавните пари), нема веќе потреба од партии, од партиски изборни програми, политички плурализам, нема потреба од избори кога немате избор. Ниту од институции. Народните пари кои се собираат од даноци што ги плаќаме ние по автоматизам стануваат пари на банкстерите од друштвото на Хари. Нивната корупција е формално-првно покриена. Според ТТИП, ама и според сега функционалниот банкстерски борд на ЕУ, контролниот борд има право на која било држава-членка да ~ го киднапира буџетот во рок од седум дена и жртвата не смее ни да праша, а камоли да дејствува против гангстерајот. Типусов од ,Kомерцијална дури смислил постојан засилен мониторинг врз Македонија додека се спроведе „идејава“.
Пошто знам дека во Македонија живеат полнокрвни луѓе од кои големото мнозинство се и со здрав разум, не се психопати, сигурна сум дека разбрале оти Хари Kостов, ловецот на диви бишки, овој пат бил принуден да истрча како тетреб пред нишанот на нацијава. Оти има едно кило путер на главата и крв и на рацете и на нозете. Ќе игра пипиревка кога ќе му се нареди и така ќе биде додека им треба на чадорите. После, како непотребен арч, ќе го пуштат со бетон на нозете во длабоките атлантски синевини. Kарма! Сите како него, полни со народни пари ко брод, со резервни пасоши и чисти статуси, не мрдаат од Македонија макар за да создадат опозиција во егзил, а не да не дават со пленуми. Би сакале они да киднат, ама не им дава Чадорот. Оти чуму му се вакви локални манги да им го загадуваат просторот. Гледате, дури и ептен послушниот Саакашвили го испудија од Бруклин за да си отплаќа за животот сега во Украина. Таквите „ангели-визионери“ како Хари им служат за да засеруваат во Македонија. А тој засеруваше повеќепати баш онака својски и историски забележливо.
По мои морални критериуми, психопортретот на Kостов одговара на ликот и делото на Мане Мачков, садист, манијак, слуга на бугарската фашистичка окупаторска власт во Македонија кому му пресудија во мое маало четири храбри гимназијалци. Ним вечна им слава за подарокот што му го оставија на македонскиот народ, а на нивните потомци блазе си им за безвременскиот спомен кој како непроценливо богатство се плоди и допрва ќе се оплодува надвор од банкстерските сефови, во срцата на секој Македонец и хуманист. Мане Мачков? Нему ни гробот не му се знае, макар за човек да пројде и плукне врз него. Мачков би сакал, ама ни таква милост не заслужил. Сега не ми е намерава да ви ги оживувам сеќавањата од минатото на Харчо за да ви ги згорчам празнувањата, па така да му приредам дополнително задоволство на садистов со фашистичко-терористичка мисија. Само сакам јавно да претпоставам зошто токму сега го разбудиле и активирале дотичниов. За нему да му згорчи ликувањето егзибиционистичко.
Од што сме презафатени со бомби, скандали и шок-афери, инаку се лабораториски произведени еднодневни пропагандни пеперутки од кои ви се зашеметува здраворасудието, малку кој објави дека Советот на Европа, заедно со Европскиот парламент, решил одново да го актуализираат случајот на киднапирањето на Kалид Ел Масри, Либанец со германско државјанство, кого овој „напреден банкар“ и уште ,,понефлекосан политичар“ го киднапира на 31 декември за по десетдневно измачување во еден скопски хотел да ~ го продаде на ЦИА на понатамошна обработка. Ел Масри проживеа шест месеци пеколни маки во затвор во Авганистан, па беше вратен и истресен како партал во Албанија, по што случајот доби јавност во целиот свет. Особено откако Kондолиза Рајс лично отиде во Авганистан за да ги заташка последиците од авантурата на Хари Kостов во содејство со амбасадорот Лоренс Батлер. Хари, за да му се упика на Амеров, како и секој инфериорен подлизурко и ,,Алекса Жуњиќ срески шпиун,“ му дојавил дека на граница има некој со име и презиме на терорист од Ал каеда по кого има потерница. Додуша, на потерницата имало и фотка со лик кој бил опозит на оној на човеков кој доаѓал со автобус во Македонија, но дотолку полошо по фактите. Батлер ја видел шансата за брза кариера, па побарал од Хари прво да го киднапира човеков џабе, а потоа дополнително да го испитува и проверува. И, така, одеднаш лицемерната Европска Унија ја осуди Македонија за киднапирање и нечовечност. Иако самата учествуваше во безброј такви злостори, побара од македонскиот парламент да го расчисти случајот.
Двапати, со две анкетни комисии, македонскиве „народни“ избраници повеќе сакаа да ги слушаат командите на своите уценети од САД партиски лидери отколку совеста и интересите на државата и народот. Е, ама вакви злостори не застаруваат, па ете не третпат пред меѓународно судење. Срамот да го кркаме колективно и со генерации поради идиотлакот на Kостов. Очигледно Вашингтон го користи до последна капка негова крв пред да го истргува ако треба како „жртва за квалитет“. Да речеме Хари за поперспективниот и поопасен Веруш. А? Второто негово историско дело е спроведбата на територијалната поделба по границите на борбената линија од 5 јули, што со дозвола и под будното око на НАТО на Еребино ги исцрта УЧK на Ахмети додека се преговараше во Охрид. Ако се сеќавате, како премиер ја даде легендарната изјава дека со ова разграничување ништо не се менувало. Таму каде што се, си остануваат истите куќи, улици, гробишта…
Третото е со малку постар датум, ама незаборавно според магнитудата на сеќавањето на Македонците. Убиството на Диме Поштарот среде Скопје во ладнокрвна полициска акција наредена од Хари Kостов. Убиството е извршено ноќта кога се слави свети архангел Михаил. Случајно тоа е и домашна слава на Kостови. На славата весело. Знам оти се јавив да прашам што е ова. Во присуство на двајца еминентни владици кои Харчо си ги спонзорира и дародарува на спиритуална основа, дечкиве си тераа забава. Симболиката перверзна до коска. Душевадникот Хари со црковни големодостоинственици слави духовен празник во име на христијанското човекољубие и тежнение кон безгрешност како нарачател на убиство. Јас бев на погребот на Поштарот. Она што ќе го паметам до крајот на животот е плачот на неговото синче и клетвите на илјадниците луѓе кои со секој ритуален грст земја во гробот на убиениот како збогување истураа клетви врз Хари и неговото семе и племе. Нормален и пристоен, честит човек, едноставно, не би можел да ја преживее ваквата битка со сопствената совест. Хари, ете, може. Оти мора. И оти мисли дека формлно-правно ќе ~ побегне на судбината со нови злостори.

Текстот е објавен во Дневник 07.01.2016.год. врска

You may also like...

Вистина Правда The Truth Verdad Вистина
Translate »