ОСТРА РЕАКЦИЈА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА: платформата од Тирана е дел од проектот за голема Албанија!

ОСТРА РЕАКЦИЈА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА:
Да престане надворешното мешање во Македонија – платформата од Тирана е дел од проектот за голема Албанија!

Марија Захарова

Мария Владимировна Захарова   –   Марија Владимировна Захарова,
Директор на Оделот за Информации и Печат во Министерството за Надворешни Работи на Руската Федерација

Со загриженост можеме да констатираме дека политичката криза во Македонија е испровоцирана од надворешно влијание во внатрешните работи на земјата, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација
Руска Федерација

Врз Македонија, со активна помош на лидерите на НАТО се врши огромен притисок и обид да се наметне т.н. „Албанска платформа” договорена во Тирана и потпишана во канцеларијата на Албанскиот премиер, со која се поткрепуваат плановите за т.н. Голема Албанија, со која се полага право врз голем дел од териотриите на соседна Црна Гора, Србија, Македонија и Грција. Особен е загрижувачко што во шемата се инволвирани и властите од себепрогласената држава Косово. Веруваме дека ова е екстремно опасна линија, со која се заканува уништување на државноста и самостојноста на Македонија и се предизвикува дестабилизација на Балканот во целост – се додава во реакцијата на МНР на Руската Федерација.

Сакаме да потсетиме дека на 11-ти декември 2016, на инсистирање на ЕУ и САД се одржаа предвремени парламентарни избори на кои победата ја однесе владеачката партија, предводена од Никола Груевски. Сега, Западот преку Албанското малцинство се обидува да ја префрли власта во рацете на поразената опозиција, преку ултиматум со кој се бара гаранција за исполнување на барањата на Албанците, што доведува до ерозија на државните и уставни темели.

Продолжените деструктивни обиди за наметнување на надворешната волја, спротивно на волјата на Македонските гласачи може само да ја заостри ситуацијата. Неопходно е да се престане со надворешното мешање во внатрешните работи на Македонија, и да се почитува правото на одлучување на Македонскиот народ за сопствената иднина во согласност со фундаменталните демократски принципи – велат од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Пренесено

извор:   Анонимус   Интернет   Анонимус   Интернет   Анонимус   :ровзи

DLM

You may also like...

Вистина Правда The Truth Verdad Вистина
Translate »