ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА

полициска држава
Полициска Држава
Системското наметнување на полициска држава постои со децении, денес полициската држава е реалност, сосема јасно видлива, сите ние живееме во полициска држава. Политичките, економските и интелектуалните елити во целосна и севкупна служба на моќниот капитал-кругови имаат целосна контрола и управуваат со сите сегменти на општественото живеење!
Веднаш на почетокот да разјасниме! Текстот не треба да се гледа во црно-бел контекст туку како обид да се разјасни системската поставеност на полицијата. Треба да се распознае нејзината системска поставеност од која и следи понатаму злоупотребата на полицијата од страна на политичката номенклатура кој ја има ставено истата под целосна контрола. Таа, полицијата е поставена во улога на одржување на таквиот систем, а не на заштита на немоќните (во главно сиромашните слоеви во општеството кои се и предмет на криминалната обработка од таквиот систем), разбирливо е дека постојат и други аспекти кои полицијата ја стават наспроти слободата во општеството но тие не се предмет на овој текст. Преземањето на делови од полицијата, особено раководните позиции, од страна на криминално-политички структури е препознатливо и видливо. Зошто оние кои се во редовите на полицијата се јавуваат како криминалци има повеќе фактори кои на тоа влијаат. Еден од основните е професионалната деформација која кај истите го зајакнува садистичкиот порив, можеби поради природата на самата работата, ама тоа сепак не го оспорува фактот за системската поставеност на полицијата ниту пак ствара правна сигурност туку уште повеќе го засилува канибалистичкиот карактер на таквиот општествен систем. И за крај, сепак, персоналниот состав на полицијата се создава на еден дефектен начин со кандидати кои се претходно евидентирани криминалци, а од кои пак граѓаните очекуваат заштита.

DLM


Погледнете во своето минато, препознајте ја својата иднина!


ИНФО
Ви пренесуваме ексклузивна статија објавена во СОТТ која целосно и недвосмислено ја разоткрива улогата на полицијата во општеството, од нејзините почетоци до денес.

DLM

автор: Sam Mitrani, lawcha.orgSOTT
објавено: Пон, 29 Дек 2014.

Полицијата е создадена за да ги контролира луѓето,
а не да ги заштити

Штипнете се за образ:
Полицијата е создадена за да ги контролира луѓето, а не да ги заштити
полиција во служба на...

Кај повеќето најлиберални дискусии во врска со неодамнешните полициски убиства на невооружени лица со црна кожа, присутна е фундаментална претпоставка дека полицијата треба да го заштити и да му служи на населението. Ова е, впрочем, и причината зошто тие се формираат. Кога само би можело тие нормални човечки односи меѓу полицијата и заедницата може да се воспостават, овој проблем би можел да се реши. Понатаму, продолжуваат со образложение дека, општо земено, сиромашните луѓе почесто се жртви на криминал од било кој друг, а со тоа им се потребна и поголема полициска заштита од некој друг. Може да има по некое гнило јаболко, но само полицијата да не е толку расистички настроена, или да не спроведува политика на ненадејни претреси, или да не беше толку плашлива од луѓето со потемна кожа, или да застрелаше помалку невооружени лица, би можела да функционира како целисходна услуга која на сите ни треба.

Ваквиот либерален начин на гледање на проблемот лежи во погрешното разбирање на потеклото на полицијата и од она за што е создадена истата да прави. Полицијата не е создадена за да го заштити и да му служи на населението. Таа не е дизајнирана за да спречи криминал, барем не на начинот на кој повеќето луѓе тоа го разберат. Ниту е создадена за да се промовира правда. Таа е формирана за да се заштити новата форма на наемниот капитализам, кој се јавува од средината па до крајот на деветнаесеттиот век, и заканата од плодот на таков систем – на работничката класа.

Ова е суров начин на презентирање на нијансирана вистина, но понекогаш нијансата служи за да се скрие фактот.

Пред деветнаесеттиот век, никаде во светот нема полициски сили кои би можеле да се препознаат како такви. Во северните држави на САД, имаше систем на избрани позорници и шерифи, многу поодговорна на населението на многу подиректен начин од денешната полицијата. На југот нешто што повеќе наликува на полицијата беа ропските патроли. Подоцна, како северните градови растеа и се полнеа главно со доселеници работници кои биле физички и социјално одделени од владејачката класа, богатата елита која што ги владееше различните локални власти вработува стотици, а потоа десетици илјади вооружени лица за да воспостави ред во новите работнички населби.

Класен судир ги разбранува градовите во САД во доцните години од деветнаесеттиот век, како што е Чикаго, која доживеа значајни штрајкови и демонстрации во 1867, 1877, 1886, и 1894 година. Во секој од овие штрајкови, полицијата интервенираше со екстремно насилство, и покрај тоа што во 1877 и 1894 година, американската војска одигра поголема улога во потиснувањето на работничката класа. Во периодот по овие движења, полицијата се повеќе се претстави себеси како тенка сина линија која ја штити цивилизација, под што се подразбира буржоаската цивилизација, од нередот на работничката класа. Ваквата идеологија на поредок која се разви кон крајот на деветнаесеттиот век одѕвонува до денес – освен што денес главна закана се сиромашните луѓе со црна кожа и луѓе со латиноамериканско потекло, пред работниците-доселеници.

Се разбира, владејачката класа не доби се што сакаше, и таа мораше во многу елементи да попушти пред имигрантските работници кои се обидуваше да ги контролира. Од оваа причина, на локалната власт се спротивстави на обидите за спречување на неделните пијанчења, а исто така ангажира многу полицајци од имиграција, особено од Ирска. Но, и покрај овие отстапки, деловните луѓе се организираа за да се обезбеди дека полицијата се повеќе изолира од демократска контрола и воспостави своја хиерархија, системи на владеење и правила на однесување. Полицијата се повеќе се отуѓуваше од луѓето со облекување во униформа, со воспоставување на сопствени правила при вработување, унапредување и разрешување, кои се прават да се изгради единствен “борбени дух”, и себе идентификување со поредокот. И покрај жалбите за корупција и неефикасност, тие се здобиваат со зголемување на поддршка од страна на владејачката класа, до тој степен што во Чикаго, на пример, бизнисмените од својот џеб донираа пари на полицијата да купи пушки, артилерија Гатлинг митралези, згради како и пари за да се воспостави полициска пензија.

Никогаш не постоел период во кој полицијата во големите градови неутрално спроведувала “закон”, ниту пак се приближила до овој идеал (по оваа прашање, самиот “закон” никогаш не бил неутрален). На северот, во текот на XIX век, главно се апсени луѓе за нејасно дефинирани “злосторства” за несоодветно однесување и скитање. Ова значеше дека полицијата може да го приведе секое лице за кое сметаат дека е закана за “поредокот”. Во повоениот југ наметнаа надмоќ на белците и најчесто се затворени лица со потемна боја врз основа на монтирани обвиненија, со цел да се задоволат потребите за системот на работа на осуденици.

полиција во служба на телето

Насилството кое полицијата го врши и нејзината морална одвоеност од оние меѓу кои патролирале не биле последици од бруталност на поединечни испади на полициски службеници, туку биле последици на внимателно осмислени политики за трансформација на полицијата во сила која може да користи насилство за да се справи со социјалните проблеми кои се последица од развојот на наемна-работна економија. На пример, за време на кратката, и остра депресија во средината на 1880-тите, Чикаго бил преполн со проститутки, кои ги нуделе своите услуги на улица. Многу полицајци сфатиле дека тие проститутки се претежно сиромашни жени кои се во потрага по начин да се преживее, и првично се толерирале нивното однесување. Но, полициската хиерархија инсистирала на тоа да офицерите во патрола ја извршуваат својата должност без оглед на нивните чувства, и да ги уапсат овие жени, им наметнат парична казна, и ги истераат од улиците во бордели, каде што од некои од страна на некои припадници на елитата можеле да бидат игнорирани, а другиот да се контролираат. Слично, во 1885 година, кога во Чикаго почна бран на штрајкови, некои од полицајците се солидаризираа со штрајкувачите. Но, штом полициската хиерархија и градоначалникот одлучија да се скршат штрајковите, полицајците кои одбија да се покорат беа отпуштени. Са овие и илјадници слични начини, полицијата е пре-моделирана во сила кој треба да наметне своја страна на работничката класа и сиромашните, без оглед на личните чувства кои се вклучени службеници.

Иако некои полицајци се обидуваа да бидат коректни, а другите беа отворено брутални (систем на добар-лош полицаец м.з.), полициското насилство во 1880 година не беше случај на неколку гнили јаболки – а тоа не е ниту денес.

Многу што е променето од создавањето на полицијата – најзначајното е прилив на црно обоено население во градовите на север, движењето за правата на Афроамериканците од средината на дваесеттиот век и појавата на сегашниот систем на масовно затворање, делумно и како одговор на таквото движење. Но, овие промени не доведоа до фундаментална промена во водењето на политиката. Тие доведоа до нови осмислени политики со цел зачувување на основниот континуитет. Полицијата е создадена за да се употреби насилство како би се усогласила изборната демократија со индустрискиот капитализам. Денес, таа е само еден дел од системот на “казненото правосудство”, кое продолжува да ја игра истата улога. Нивната главна задача е да наметнат поредок меѓу оние кои имаат најмногу причини да го критикуваат системот – а во нашето општество денес, тоа се несразмерно сиромашните луѓе со потемен тен.

Демократски полициски систем е можно да се замисли – како систем во кој полицијата се избира и е одговорна кон луѓето меѓу кои шета. Но тоа не е она што го имаме. Ниту, пак, е тоа поради кои беше создаден сегашниот полициски систем.

Ако постои една позитивна поука од историјата на полицијата, тоа е кога работниците се организираа, одбиваа да се потчинат или да соработуваат, и им предизвика проблеми на градските власти, можеле да ја спречат полицијата во најинтензивните активности. Убиството на одредени полициски службеници, како што се случило во Чикаго, на 3 мај 1886 година и неодамна во Њујорк на 20 декември 2014 година, само ги засили оние кои повикуваа на суровата репресија – реакција која веќе станува видлива. Но, отпор во поголем обем може да предизвика полицијата да се поколеба. Тоа се случи во Чикаго во текот на раните 1880-ти, кога полицијата се повлече од разбивањето на штрајковите, се ангажираа службеници имигранти, и се обиделе да се поврати некој кредибилитет меѓу работничката класа по неговата улогата во бруталната пресметка во немирите од 1877 година.

Полицијата може повторно да биде потисната кога би се продолжило со реакциите за барање одговорност во убиството на Ерик Гарнер, Мајкл Браун, Тамира Рајс и многу други. Ако се продолжи, тоа ќе биде победа за оние кои се мобилизираат денес, и ќе спаси животи – иако, се додека опстанува системот кој бара полициско насилство како би се контролирал голем дел од населението, било која промена во полициската политика ќе биде насочена кон поефикасно дисциплинирање на сиромашните.

Не би требало од полицијата да се очекува да биде она што не е. Како историчари, мораме да знаеме дека корените се важни, а полицијата е створена од страна на владејачката класа за контрола на сиромашните слоеви, а не да им помага. Продолжија да ја играат оваа улога цело време.

подготвил: DLM   врска SOTT

You may also like...

Вистина Правда The Truth Verdad Вистина
Translate »