Преговори за исчезнување на Македонија

Бобан Нонковиќ
ги споделува своите сознанија со сите нас за онаа што и се готви на Македонија на закажаната средба на политичките лидери во Виена
Бидејќи ниту можам, ниту сакам на сите мои ФБ-пријатели во пораки да им објаснувам и појаснувам за се што ги интересира во врска со влијанието/решението на ЕУ врз македонската политичка криза, во овој пост ќе ви ја напишам вистината за петочните „преговори“ што ќе се водат во Виена и исходот од истите и сите ве замолувам по ова да не ме потпрашувате, реагирате во инбокс ,туку слободно на постов искоментирајте си ако сакате, но да не ме прашувате оти се што знам ќе го напишам.
Е, сега вака:
– Завчера, се разбира неофицијално, ми беше кажано во Европската комисија во Брисел дека се бара „Влада на национално единство“ во Македонија од страна на сите главни политички партии (ДПА и не дотолку) да учествуваат во власта (нешто како што е сега случај) која ќе трае најмалку до мај/јуни идната (2017) година.
– Во меѓувреме, претседателот Иванов ЌЕ МОРА (читај: ќе биде натеран) целосно да ја повлече аболицијата за сите поврзани со нелегалното следење на комуникациите (читај: прислушувањето), а Специјалното обвинителство да продолжи силно, во петта брзина да ги процесира однадвор добиените готови обвиненија за припадниците на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што веќе се скршени неколку судии во истражен кои ЌЕ МОРА да доделуваат и притвори! Да не се лажеме, целта е Груевски, бидејќи никој од чадорот не може да поверува колку силна поддршка има кај македонскиот народ!
– Таквата „Влада на национално единство“ нема да има за задача само да ги реши „разликите околу името“ со Грција (гледате дека и Нимиц одеднаш силно се амбицира и преговара само со Грците), туку и целосно да ја редефинира Република Македонија. Имено, откако рускиот МНР Лавров го откри планот на двете НАТО-земји, Бугарија и Албанија за поделба меѓу нив на македонската територија, гледаме како бугарскиот премиер Борисов се амбицираше и отворено се стави на страна на анти-македонската опозиција во земјата, предводена од Заев.
– Во овој контекст е и радикализацијата на ветераните на УЧК, што преку т.н. движење БЕСА ќе треба да се покажат со сета жестина и во петок на митинг во Скопје, какои заканите на албанскиот премиер Еди Рама дека „без редефинирање на Охридскиот договор и подобра позиција на Албанците во Македонија – Албанија ќе го блокира влезот на Македонија во НАТО“.
– Ако коалицијата во Србија предводена од екс-претседателот Броис Тадиќ, по српските избори на 24 април влезе како коалициски партнер во власта на СНС на Вучиќ на местото на СПС на Дачиќ, тогаш и Србија официјално ќе стане дел од чадорот со ветување да го добие Куманово во идната поделба на Македонија. Колку за потсетување. Тадиќ е човекот кој политички стои зад движењето „Канвас“ на Срѓа Поповиќ кое ги организира и изведува насилните протести на Заев и компанија изминатите година ипол во Македонија. Вучиќ пак се уште не сака да фати страна и веќе година ипол одбива да го прими во Белград Заев и покрај притисоците на амбасадорите на „меѓународната“ во Белград.
– Бугарија, Грција, Белгија, Холандија, Велика Британија и пред се Италија, со поддршка на едно силно крило во САД предводено од Филип Рикер и други високо-позиционирани раководни лица во ЦИА, се земјите кои се чадорот на СДС во Македонија, но и земји кои (вчера дознав) директно и финансиски ја помагаат партијата на Заев и нивните активности. Со пари од нивните данокоплаќачи!
– По речиси 103 години од Букурешкиот договор, „западните сили“ сакаат да го затворат македонското прашање со исчезнување на Македонија од светската мапа. Не со менување на името, а да остават територија што потоа македонскиот народ ќе може повторно да си ја нарекува како сака и во неа да опстои македонштината!
– Виена е нов Букурешт, односно пред-Букурешт, каде освен што ќе се одложат изборите планирани за 5. јуни, ќе донесе на маса и отворени „барања“ од албанските партии (ДУИ и ДПА), при што барањата ќе ги добијат пред почетокот на преговорите и тие само ќе треба да ги претстават на маса како свои.
– Само македонскиот народ ќе биде уште проблем за „чадорот“, но тој се очекува да биде скршен со разбивањето на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, а и тест-пробите изминатиот период со насилните протести на СДС и немањето никаков одговор и заштита (тоа не се мирните паради на ВМРО преку т.н. ГДОМ) минале супер за нив и „чадорот“ е празадоволен што и по 103 години, Македонецот ја задржал максимата: „наведната глава, сабја не ја сече“ и „си го чува кубурот под перница“ додека му ја уриваат државата.
ВЕ МОЛАМ, се ова се информации што ги имам и ги пренесувам и ништо немам задржано за себе. Затоа, не сакам потпрашања за „разјаснување“ на било-што, како овде, така и во инбокс. А, коментари, се разбира дека можете да оставате!

Текстот е објавен на фејсбук профилот на 19.04.2016.год. и е пренесен интегрално врска

You may also like...

Вистина Правда The Truth Verdad Вистина
Translate »